Татран Прешов победнички во Струмица

Од:

Во вториот натпревар од СЕХА лигата Макс Струмица го доживеа првиот пораз, откако вчера пред домашна публика во салата „Парк“ беше совладана од тимот на Татран Прешов со 24:31 (10:14).

Составот на Макс Струмица за разлика од претходниот меч со Војводина, мечот го отворија добро, влегувајќи со предност од 4:1. Сепак, Словаците со серија од 6:1, во 18. минута од натпреварот поведе за првпат на мечот со 5-6, период во кој избраниците на Андонов не реализираа неколку седмерци. До крајот на првото полувреме, гостите ја зголемија предноста дополнително и на пауза заминаа со предност од четири погодоци (10:14).

Вториот дел комплетно му припадна на словачкиот состав, кој во 40. минута имаше предност од највисоки осум погодоци 13:21, до крајот на мечот струмичани само го ублажија поразот.

Најефикасен на натпреварот во составот од Струмица беше Дејан Пецаковски со девет погодоци, додека Славиша Димитријевски даде седум гола.

Би можело да ве интересира

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa