Во новата биографија на познатата холивудска агентка Сју Менгерс „Can i Go Now? The Life of Sue Mengers, Hollywood’s First Superagent“ се појави еден занимлив детал поврзан за легендарниот Џек Николсон.
Имено, на забава во Лос Анџелес, која Сју во 1979 година ја организирала во чест на принцезата Маргарет, се појавил холивудскиот заводник во друштво на тогашната девојка Анџелика Хјустон.
Тоа Николсон не го спречило да пријде до принцезата Маргарет и да се запознае со неа. За жал, неговиот шарм не палел кај принцезата.
Николсон во еден момент на принцезата и понудил и кокаин што таа го одбила, се одалечила од него и ноќта ја помина танцувајќи со Џон Траволта, кој исто така, бил поканет на забавата.
Агентката полудела поради испадот на Николсон, затоа што верувала дека целосно и се уништлаи шансата да ја поканат во Бакингамската палата, а во едно интервју таа изјави дека целата забава била целосна катастроф.