Нивото на водата во светскиот океан по сто до двесте години ќе се зголеми за повеќе од еден метар, сметаат научниците на американската агенција за вселенски истражувања NASA.
„Повеќе од 150 милиони луѓе, од кои повеќето од Азија, живеат во областите на еден метар од сегашното ниво на водата“, истакнува во разговорот за AFP директорот на одделот на NASA за геолошките науки, Михаел Фрајлих.
Под закана од потопувања може да се најдат некои од крајбрежните сојузни држави на САД, но и мегалополиси како Сингапур или Токио. „Постои веројатност дека поплавувањата целосно ќе избрише од лицето на Земјата некои народи, кои живеат на островите во тихоокеанскиот басен“, вели научникот.
Имајќи предвид дека ледените плочи на Гренланд и Антарктикот се топат забрзано, нивото на водата во океаните се зголемува побрзо отколку претходните години. Професорот на универзитетот Калифорнија, глациологот Ерик Ригнот, истакнува дека поради тоа што температурата на атмосферата на планетата постепено расте, темпото на топењето на мразот, исто така, се забрзува.
Научниците се разликуваат во своите процени за брзината со којашто се топат поларните плочи. Според последниот извештај на Меѓувладиниот експертски панел за климатските промени, нивото на водите кон крајот на векот, веројатно, треба да се зголеми меѓу 30 до 90 сантиметри. Меѓутоа, доколку мразот се топи поактивно, веќе по сто до двесте години новите на водите во светскиот океан може да се зголеми речиси за три метра, смета Том Вагнер, научникот вклучен во истражувачката програма на NASA.