Вонредните избори во Грција ќе се одржат на 20. септември

Од:

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос денеска потпиша декрет за распуштање на Парламентот и одржување на вонредни избори на 20. сепември, јави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Со декретот е предвидено седница на новиот состав на парламентот да биде одржана на 1. октомври.

Претходно, привремената Влада на Грција, која ја предводи правата жена премиер Василаку Тану, денеска положи заклетва.

Повеќето членови на новата Влада положија религиозна заклетва пред архиеписокот на Атина и цела Грција Јероним, а министерот за финансии Јоргос Хулиракис и министерот за образование Ангелики Киау положија граѓанска заклетва.

За денеска е закажана првата седница на новиот кабинет, кој има 23 министри и заменици-министри, од кои некои како министерот за финансии беа во тимот и на претходната влада на Алексис Ципрас.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит