Промоција на книгата „Пулсот и времето“ на Ана Јовковска во Битола

Од:

Под мотото „На Широк сокак со книга“ и „Читалиште е новото шеталиште“ ќе се одржи промоција на книгата „Пулсот и времето“ на новинарката и авторка Ана Јовковска во Битола на 29 август, сабота, во 21 часот во локалот „Порта џез“.

Градот на конзулите има силен културолошки пулс и книжевна традиција и организаторите очекуваат голем интерес за книгата „Пулсот и времето“ која го портретира македонското општество во една декада. Дел од разговорите во книгата се снимени токму во Битола, како интервјуата со светски познатите актерски ѕвезди Катрин Денев, Жулиет Бинош, Дерил Хана, интервјуата со писателот Гоце Смилевски, актерката и продуцентка Лабина Митевска, драматургот Дејан Дуковски и други.

anajovkovska

– Со Битола ме врзуваат интимни приказни и многу локации имаат значајна меморија за мене, но сепак за простор за промоција се одлучивме за „Порта џез“, оти ова место не е само кафуле, туку и симбол на една цела културна сцена на градот. Во контекст на ова, еден од насловите на интервјуата во книгата се вика Политиката и сиот тој џез, а поднасловот е Македонски будизам и слободата како света крава од што се гледа дека секој наслов од 50-те интервјуа во книгата има своја приказна, движејќи се по тенкото јаже од љубов до политика, од страв до слобода. Станува збор за интимни пресеци на душата, но и општествени резови на неправдата и болката. Разговори меѓу Јас и Другиот“, вели Јовковска.

На концепциски разиграната промоција во Битола, Јовковска ќе ја придружуваат гости и промотори од Скопје и Битола, писателот и професор Александар Прокопиев и музичарот и фронтменот на познатата битолска група „Фолтин“ – Бранко Николов.

pulsotivremeto

Рецензенти на книгата се Венко Андоновски, Ферид Мухиќ, Никола Ристановски, Дејан Дуковски, Елизабета Шелева и Александар Прокопиев.

Книгата „Пулсот и времето“ е во издание на Силсонс – читателски клуб на Матица македонска.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска