„Њујорк тајмс“: Војници ги менувале разузнавачките проценки за политичарите

Од:

Пентагон ги истражува наводите дека воени лица ги менувале разузнавачките проценки за операцијата која САД ја спроведуваат во Ирак против групата Исламска држава (ИД), пишува весникот „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на официјални претставници кои се запознати со истрагата.

Истрагата започнала бидејќи аналитичар на цивилната Разузнавачка одбранбена агенција ги предупреди властите дека постојат докази оти припадници на Централната команда, која е надлежна за бомбардирање и други активности во операцијата против ИД, погрешно ги преработувале заклучоците од разузнавачките проценки подготвени за политичари, вклучувајќи го и американскиот претседател Барак Обама, наведува весникот.

Деталите за ваквите тврдења се уште не се познати, ниту пак кога се менувани проценките.

Проценки поврзани за војната во Ирак даваат повеќе агенции, меѓу кои ДИА, ЦИА и други.

Би можело да ве интересира

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Русија: Нема да се спасите, нуклеарна војна не смее да се случи бидејќи нема да има победници

Горан Наумовски