Турнир во мал фудбал „Ѓорче – Куп 2015“

Од:

По повод празникот на општината Ѓорче Петров, 20-ти септември, ќе биде одржан традиционалниот голем турнир во мал фудбал „Ѓорче – Куп 2015“ кој и годинава предизвика голем интерес кај љубителите на овој спорт, но и кај голем број на екипи, соопштија претставници на општина Ѓорче Петров.

Досега се пријавени 32 екипи, а организаторите очекуваат да се надмине минатогодишната бројка од 35 и таа да достигне до 40 екипи затоа што пријавувањето се уште трае.

Извлекувањето на натпреварувачките парови на кое ќе присуствуваат претставници од сите екипи, ќе се изврши на 31 септември во 19 часот на повеќенаменското игралиште пред надвозникот во МЗ „Ѓорче Петров“ каде што ќе се играат сите натпревари.

Председателот на организациониот одбор Ивица Вељановски ги соопшти и наградите за најдобрите четри екипи. Победниците ќе добијат 120 илјади денари, второто место носи шеесет илјади денари третото 30 и за прв пат и за четврто пласираниот ќе има награда во износ од 10 илјади денари.

Сите заинтересирани за учество на овој голем турнир сеуште можат да се пријавуваат на 070/ 611 154 и на 071 / 200 138.

Би можело да ве интересира

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето

Невремето остави хаос во Тетово, се санираат штети и во Скопје

Катерина Ѓуровски