Шкода на интернет го претстави новиот „Суперб ГринЛајн“ модел што ќе дебитира на претстојниот Саем на автомобили во Франкфурт кон средината на септември.
Суперб ГринЛајн е опремен со 1,6 литарски ТДИ мотор со 118 коњски сили, што според фабрички податоци во просек има потрошувачка од 3,7 литри на 100 километри и емисија на штетни гасови од 95 грама на километар. Со таков однос Шкода Суперб ГринЛајн може со еден резервоар да мине до 1.780 километри.
Дополнителни функции на новата „ГринЛајн“ изведба вклучуваат „Селектив Каталитик Редакшн“ СЦР и аеродинамични детали на каросеријата, шасијата и продвозјето. Ваквите измени придонесуваат за подобрена аеродинамика со коефициент на отпор на воздухот од само 0.263 во хеџбек, односно 0.275 во караванска изведба.
Шкода Суперб ГринЛајн во понуда ќе биде со Актив, Амбишн и Стајл пакети на оперма.