ФОТО: ЕИСА ги објави најдобрите уреди за 2015-2016

Од:

ЕИСА, Европската асоцијација за звук и слика го објави добитниците на награди за сезоната 2015-2016 година.

Технички експерти од 50 водечки специјализирани магазини од 22 европски држави изгласаа 59 уреди во своите категории, вклучително награди, како што се најдобар Европски паметен телевизор, најдобар Европски компактен фотоапарат и најдобри Европски слушалки.

Секој уред пред да освои ЕИСА награда, претходно минува низ детални и целосни тестови. Првиот дел се однесува на тестирање на уредите од страна на членови на ЕИСА, додека вториот дел се однесува на демократско гласање со цел да се добие пан-европски консензус за врвниот квалитет на производот.

– Кога постојат толку многу производи на пазарот, правиот избор не е лесен. ЕИСА наградите се тука да помогнат и дадат фокус на најдобрите производи со дополнително уверување дека тие производи се препорачани од 50 независни експерти низ цела Европа, изјави претседателот на ЕИСА Џорџ Гонкалвес.

ЕИСА наградите официјално ќе бидат доделени на ИФА саемот во Берлин, што е најголем саем на потрошувачка електроника во Европа што се одржува од 4 до 9 септември.

Меѓу наградените уреди се:

Ел Џи Џи4

Смартфон со најдобра камера – Ел-Џи Г4

Леново Јога 2

Најдобар таблет – Леново ЈОГА Таблет 2 про

Ел-Џи 4К квантум дот ТВ

Најдобар Смарт ТВ – Ел-Џи 65УФ950В

Хуавеи П8

Најдобар смартфон за широка употреба – Хуавеи П8

Самсунг Галаски С6 едџ плус

Најдобар напреден смартфон – Самсунг Галакси С6 Едџ

Никон Д5500

Најдобар потрошувачки ДСЛР фотоапарат – Никон Д5500

Канон ЕОС 5ДС

Најдобар професионален ДСЛР фотоапарат – Канон ЕОС 5ДС/ 5ДС Р

ДхО Уан

Фото иновација 2015-2106 – ДхО Уан

Панасоник Лумикс ДМЦ

Најдобра фото и видео камера – Панасоник Лумикс ДМЦ-Г7/Г70

Боверс енд Вилкинс ЦМ6 С2

Најдобри звучници – Боверс анд Вилкинс ЦМ6 С2

Сенхеисер Моментум 2

Најдобри слушалки – Сенхеисер Моментум 2

Кенвуд ДНХ

Најдобар ин-кар хед единица – Кенвуд ДНХ 7150ДАБ.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска