Канабисот ги уништува канцерогените клетки

Од:

На дебатите околу тоа колку е оправдана употребата на канабис во медицински цели крај им стави американска организација за истражување на тумори, која потврди дека канабисот ги уништува канцерогените клетки.

Истражувањата извршени врз експериментални глувци покажале дека канабиноидите можат да го ограничат зголемувањето на туморот предизвикувајќи уништување на клетките на ракот, блокирајќи го нивниот раст и развој на крвните клетки кои му се потребни на туморот за да се зголемува. Лабораториските студии покажале дека канабиноидите (CBD) можат да ги уништат канцерогените клетки и истовремено ги штитат нормалните клетки, се наведува во извештајот на американскиот Национален институт за канцер.

Лабораториските истражувања врз глувци, исто така, покажале дека THC и CBD, главните психоактивни состојки пронајдени во растението канабис, навистина можат да ги „убија“ канцерогените клетки.

Освен што ги уништуваат клетките на ракот, главните супстанци на канабисот доведуваат и до општо подобрување на организмот на пациентот, намалувајќи ги неговите болки, но и му го стимулираат апетитот.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска