Анкета: АКП нема да освои мнозинство на изборите

Од:

Владејачката Партија на правдата и равојот (АКП) во Турција нема да има доволно поддршка на претстојните предвремени избори на 1 ноември за да управува сама, покажуваат резултати од анкета на агенцијата Метропол.

Таа партија има поддршка од 41,7 отсто од анкетираните.

Републиканската народна партија има поддршка од 25,5 отсто, Партијата на националистичко движење 15,7 отсто, а прокурдската Демократска партија на народите 14,7 отсто, зголемување во однос на изборите во јуни кога имаше поддршка од 13,1 отсто.

– Најверојатно на предвремените избори нема да има различна политичка ситуација од изборите на 7 јуни, наведува Јозер Сенџар, шеф на агенцијата Метропол.

Анкетата била извршена меѓу 14 и 16 август.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ