ПАСОК: Ципрас го уништува Уставот на Грција

Од:

Лидерката на грчката опозициска ПАСОК Фофи Генимата денеска го обвини премиерот Алексис Ципрас дека го уништува Уставот пред да се спроведат мерките во вредност од 14 милијарди евра.

– Тој го призна неговиот неуспех, неговата слабост да се справи со проблемите. Тој бега …. Секогаш кога треба да дејствува, тој се определува за бегство, изјави Генимата за телевизијата Скај.

Според неа, политичките лидери кои ги поддржуваат мерките треба да дискутираат за насоките за нивно спроведување, пред да разговараат за можноста за избори.

– Парламентарното мнозинство е илузија, ние можеме да успееме само ако сме обединети, никој не може на себе да ги преземе трошоците на кризата, истакна лидерката на ПАСОК.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит