Група политичари настојуваат НАТО и Русија да договорат нови правила за избегнување војна

Од:

Русија и НАТО треба да договорат заеднички правила за справување со неочекувано избувнување на воени инциденти, со цел да се намали ризикот од евентуален почеток на војна меѓу Москва и Западот, изјавија денеска група поранешни министри за надворешни работи и за одбрана.

Во оваа група од 14 познати политичари се наоѓаат поранешниот руски министер за надворешни работи Игор Иванов, поранешниот германски министер за одбрана Фолкер Руе и нивни колеги од Велика Британија, Франција, Шпанија и Турција.

Русија и НАТО се почесто одржуваат големи воени вежби поради кризата во Украина, а се случуваат и инциденти, како на пример опасни средби во воздух меѓу воени авиони од едната и другата страна. Затоа според поранешните министри, непоходни се правила за комуникација во воздух и во море при такви ситуации. Во извештајот на групата се настојува за средба на високо ниво меѓу НАТО и Русија во врска со овие прашања.

Според групата, сличен договор е потребно да се постигне и меѓу САД и Кина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми