Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Луј Ван Гал, изјави дека во следниот период Маруан Фелаини ќе биде прекомандуван во напаѓачката линија.
– Фелаини може да игра во средниот ред, но во претстојните средби ќе го користам исклучиво во нападот. Морам да ротрирам. Премиер лигата е долга и морам да ги користам сите играчи, нагласи холансдкиот стручњак.
Ван Гал очекува со помош на Фелаини да се подобри реализацијата на тимот која е проблематична на стартот од новата сезона. Манчестер во трите кола постигна само два погодока.
– Не ми е битно каде ќе играм, најважно е Манчестер да победува. Првата сезона ми беше тешка, сега сакам да играм добро и да постигнувам голови, истакна Фелаини.