Пентагон објави дека го избрал американскиот производител на камиони Ошкош да изработи наследник на воениот џип Хамви.
Со компанијата склучиле договор од вреден 6,7 милијарди долари.
Првично пешадијата и маринците ќе откупат 17.000 возила чие производство ќе почне во 2016 година. Во 2018 година се очекува Пантагон да направи нова нарачка. Предвидено е до 2040 година копнените сили да добијат 49,099 од тие возила, а маринците – 5.500.