Геровасили: Нова демократија се труди да избегне политички колапс

Од:

Лидерот на најголемата опозициска партија во Грција, Вангелис Меимаракис е загрижен само за тоа како да избегне политички колапс на неговата партија, изјави портпаролката на грчката Влада Олга Геровасили.

– Дури и со правење будала од себе, тој не може да го скрие срамот во кој се наоѓа Нова демократија, со оглед на тоа што се соочува со пресуда на народот, рече таа.

Геровасили истакна дека Меимаракис не се занимава со она што е добро за земјата, туку со тоа како ќе се справи со „политичкиот колапс“ на Нова демократија, и токму затоа се обидува да ги одложи изборите.

– Време е грчкиот народ да даде јасен и силен четиригодишен мандат, додаде таа.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит