Репрезентацијата на Македонија го претрпе и вториот висок пораз од Шпанија во подготвителните дуели за Европското првенство. Синоќа во Логроњо Шпанија славеше со 88:54 (27:15; 18:10; 19:16 и 24:13).
Како и на првиот натпревар во саботата нашите кошаркари најдобро ја одиграа третата четвртина, но повторно немаа можност да ги запрат расположените противнички играчи.
Најефикасен на натпреварот беше Пау Гасол со 26 поени и 16 скокови, додека во репрезентацијата на Македонија Ричард Хендрикс постигна девет поени, Војдан Стојановски и Бојан Трајковски постигнаа по осум.
За Шпанците ова беше четврта победа во меѓусебните дуели со македонската репрезентација.
Следниот натпревар од подготовките за Европското првенство Македонија го игра на 29 август во Рига против Летонија.