Ракометарите на македонскиот првак Вардар се пласираа во финалето на турнирот „Вардар 2015“ откако во дуелот од 2.коло синоќа ја победија екипата на Чеховски Медведи со 40:32 (17:17).
„Црвено-црните“ кои се домаќини на турнирот разликата ја направија во вториот дел.
Најефикасен на натпреварот беше Дејан Манасков со седум голови.
Во борба за второто место во групата А ќе играат двете екипи кои загубија од Вардар, Нексе и Чеховски Медеведи.
Во рамките на групата Б вчера Металург и Краснодар одиграа нерешено 27:27, иако во финишот на дуелот македонскиот тим имаше предност, која не успеа да ја зачува.
Металург е без шанси за првото место во групата, а денеска се игра натпреварот меѓу Кристијанштад и Краснодар.
Вардар денеска е слободен, а во финалето во четврток од 20 часот ќе игра со првопласираната екипа од групата Б.