Ахмед Бен Хали, заменик генерален секретар на Арапската лига денес во Дубаи изјави дека шансите за прекин на огнот во Сирија за време на претстојниот муслимански празник Курбан Бајрам се многу мали.
– За жал изгледите за воспоставување на прекин на огнот за време на Курбан Бајрам засега се многу мали, изјави Хали, кој во Дубаи учествува на Светскиот енергетски форум.
Меѓународниот мировен претставник за Сирија Лахдар Брахими вчера ги повика двете страни во сирискиот конфликт да го почитуваат прекинот на огнот за време на четиридневниот муслимански празник, кој почнува од петок.