(АНАЛИЗА) Ќе има ли пари за идните пензионери: Владата се расфрла со ветувања – по која цена?

Од:

Зависноста на државниот Фонд за пензиско осигурување од централниот Буџет е се поголема, за една деценија се зголемила скоро двојно. Во исто време, се намалува разликата помеѓу оние што го полнат и оние што го празнат пензискиот фонд.

За краток период Владата најави потези што дополнително ќе ги зголемат трошоците на фондовската каса. Дел од економистите велат дека овие “политички одлуки“ ќе имаат висока цена што може да биде платена преку идно намалување на пензиите, зголемување на старосната граница за одење во пензија или зголемување на даноците.

Скап популизам или економски оправдани мерки… 

Повисоки пензии за пензионерите од септември, можност за откуп на стаж, признавање на стаж на земјоделците, со што тие ќе можат да се стекнат со правото на старосна пензија – за краток период Владата усвои и спроведе одлуки и законски решенија со кои таргетираше различни групи на граѓани, но заедничко за сите е дека ќе чекаат пари од државниот Фонод за пензиско осигрување. Дел од аналитичарите велат дека се потребни мерки за помош и поддршка на овие категории на граѓани, но и дека треба да се анализира вкупната економска состојба, односно кондиција во која се наоѓа државниот фонд.

„Мојот став е дека наводното зголемување на пензиите е всушност враќање на она што се крати од јануари досега.Но владата е навлезена во изборна кампања и со помош на (про)владините медиуми сето ова го прикажува како голем успех. Во оваа држава веќе никој од надлежните не води грижа за иднината на финансиската сотојба во ПИОМ. Тоа се гледа со ветувањата кон одредени групи на граѓани како што се земјоделците или оние на кои им недостасува стаж да им се овозможи докуп. Никој нема против на граѓаните да им се овозможат остварување на некои права но мора да се каже од каде ќе се обезбедат финансиски средства. Ова се само политички ветувања и одлуки за кои не е направена соодветна анализа за финансиските импликации. Сето ова ќе придонесе за зголемување на дефицитот не само во ПИОМ туку и во државниот буџет“, објаснува аналитичарот Слободан Најдовски.

Податоците покажуваат дека зависноста на пензискиот фонд од централниот Буџет од година во година расте. Така, за неполни десет години, дотациите од Буџетот на сметка на фондот од 20% се зголемиле на 41%.

Со една од мерките, Владата нуди можност на околу 20 илјади лица да го откупат стажот, решение со кое според креаторот ќе се помогне на голема група на граѓани кои работеле, а компаниите не им го платиле стажот.

„Според нашите сознанија станува збор за 200.000 лица. Тие работеле со години, но нивните придонеси не биле плаќани. Поради тоа, тие подоцна неможат да си го остварат правото на пензија, бидејќи и да го исполнуваат условот за старосна пензија, нема да имаат 15 години работен стаж. Компаниите не им плаќале придонес, а луѓето работеле“, рече министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, непосредно по донесување на владината одлука.

Минатата недела Владата ги усвои измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, според кои, неколку стотици индивидуални земјоделци ќе можат да се стекнат со старосна пензија. Според најавите, со оваа мерка ќе бидат опфатени околу 400 земјоделци. Претхдно, премерот најави линерно зголемување на пензиите од септември.

Сите овие најави значат нови трошоци за фондот, вели Најдовски.

„Буџетот на ПИОМ не е во сосојба од редовните извори да ги обезбеди средства за исплата на пензиите. Единствениот извор кој му преостанува е буџетот на државата. Но и тој е во голем дефицит. Од година во година се зголемуваат дотациите од буџетот. За неполни десет години тие се дуплирани и од 20 % преминаа 41 %. Сегашнава ситуација е полоша од,, вчера“ а утре ќе биде полоша од денес. Тоа само покажува дека финансиската состојба е зависна од буџетот на државата а тоа не води кон стабилизација на ПИОМ. Потребна е сеопфатна анализа на состојбата со реални планирања каде во иднина треба да се движи фондот и придржување кон тој план. Имајќи во предвид дека нашиот ПИОМ се заснива на принцип на солидарност, однесувањето на надлежните за функционирање на ПИОМ покажува нивна крајна неодговорност кон идните генерации“, смета аналитичарот Најдовски.

Ќе има ли пари и за идните пензионери?

Според економистите, два симптоми се алармантни кога се анализира финансиската кондиција, но и одржливост на Фондот за пензиско осигрување. Прво, дека јазот меѓу оние што земаат пензија и оние што ја полната фондовската каса се стеснува и второ дека фонодот не се полни со приливи онака како што е планирано.

Според пресметките на ПИО, на 1,8 осигуреници има 1 пензионер, сооднос што објективно треба да го вклучи алармот за долгорочна одржливост на фондот за редовна исплата на пензиите, смета академик Абдулменаф Беџети. Професорот вели дека за одржливост на фондот се потребни 200 000 нови вработувања.

„Ние имаме сериозен проблем со Фондот за пензиско осигурување. Таков проблем има секаде во Европа, но кај нас таа состојба е ендогена бидејќи интензитетот на влошување е многу јак. Пред нецели дваесет години, односно од 1996 та година, ние имавме однос на тројца вработени еден пензионер. Денеска тој сооднос е 1,6 вработени спрема 1 пензионер, што значи дека за нецели 16 години тој сооднос е двојно влошен“, изјави неодамна професорот Беџети.

Пред дваесеттина години во Македонија постоеше соодносот тројца вработени наспрема еден пензионер, а сега 1,8 осигуреници наспрема 1 пензионер. Без поголеми стапки на екномски раст, кој во истов реме би значаел и отврање на нови работни места, одржливоста на пензискиот фонд е загрозена, оценуваат аналитичарите.

„Поголем проблем кај нас е нискиот економски раст. Голем проблем претставува и ослободувањето од плаќање на давачки на странските инвеститори. Тие не плаќаат придонеси а работниците стекнуваат одредени права. Одржливиот концепт е зголемена економска активност со раст од шест до осум проценти раст на БДП, зголемена вработеност во која вработените кои ќе плаќаат придонеси. Цената од ваквата политика ќе ја платиме. Ако нема економски раст тогаш цената е или зголемена стпка на придонес, или зголемена граница на одење во пензија или намалување на пензиите. Друго нешто во светот не е измислено“, вели Најдовски.

Влошувањето на финансиската состојба во пензискиот фонд беше регистрирана најпрво по спроведување на пензиската реформа и формирањето на приватните пензиски ситеми, а потоа и со континураниот пораст на висината на пензиите во состојба кога фондовската каса се соочува со ликвидносни прблеми. Дел од нив беа констатирани и од Државниот ревизор.

Анализа на Порталб

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада