Возачот на Јамаха Хорхе Лоренцо ја освои пол позицијата пред трката за Големата награда на Чешка. Шпанецот до пол позицијата на патеката во Брно стигна со рекорден круг од 1:54.989 минути.
Покрај Лоренцо трката од првиот стартен ред ќе ја започнат актуелниот светски првак Марк Маркез на Репсол Хонда и клупскиот колега на Лоренцо, Валентино Роси.
Во вториот стартен ред по квалификациите се најдоа Андреа Јаноне (Дукати), Бредли Смит (Јамаха Тех 3) и Андреа Довициозо (Дукати).
Трката за Големата награда на Чешка, 11-та во кралската класа во Мото ГП шампионатот, ќе се вози в недела од 14 часот.