Тројца војници беа убиени во експлозија на пат во Источна Турција, јавија турски медиуми.
Доцна синоќа биле убиени тројца други војници во судири со бунтовници од Курдската работничка партија (ПКК).
Околу 70 лица загинале досега по прекинот минатиот месец на примирјето меѓу турската држава и ПКК, кое траеше над две години.