Најмалку 47 мртви во бомбашки напад на пазар во Нигерија

Од:

Во бомбашки напад на преполн пазар на североистокот од Нигерија, што ги има сите карактеристики на претходните напади на милитантната група Боко Харам, погинале најмалку 47 лица, соопштија денеска локалните власти.

До експлозијата дошло околу 13.30 часот по локално време на пазарот во градот Сабон Гари, во нигериската сојузна држава Борно, упориште на исламистите од Боко Харам, пренесоа британските медиуми.

-Досега на местото на експлозијата се пронајдени телата на 47 погинати, како и на 52 повредени лица, изјави Умар Кида, припадник на цивилната група за одржување на редот и мирот.

Групата Боко Харам во текот на својата шестогодишна борба за воспоставување исламска држава на североисток од Нигерија уби повеќе илјади лица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он