Вулканот Колима во западниот дел на Мексико вчера повторно почна да манифестира зголемена активност, со исфрлањето столб од пепел на два километри височина, соопшти ТАСС, повикувајќи се на локалните власти.
Пред помалку од еден месец, стотици лица беа евакуирани, а аеродром беше затворен по ерупцијата на Колима, кој е еден од најактивните вулкани во Мексико, кој се наоѓа на 3800 метри надморска височина.
Една од неговите најмоќните ерупции во последните децении беше на 6 јуни 2005 година, а во јануари годинава Колима исфрли пепел на височина од 10 километри.