Со настап на светската музичка атракција, хорот „Howard Gospel“ од САД, вечер на Античкиот театар во рамки на Фестивалот „Охридско лето“ ќе бидат одбележани 55 години постоење на најголемата и најзначајна музичко-сценска манифестација во државата.
Фестивалот „Охридско лето“ 55 години ја собира светската уметничка елита, нудејќи и на публиката ексклузивна културна содржина и промовирајќи ги националната културна традиција и современото македонско културно творештво.