На Светското првенство во водени спортови што се одржува во рускиот град Казањ, во текот на вчерашниот ден се одиграа четири осминафинални дуели на турнирот во ватерполо – мажи, по кои се формираа двојките за четвртфиналната фаза.
Резултати на средбите од осминафиналето:
Канада – Италија 2:8,
Бразил – САД 3:7,
Казахстан – Црна Гора 8:12,
Јужна Африка – Австралија 1:17.
Како првопласирани во групите, директен влез меѓу осумте најдобри обезбедија:
Хрватска, Грција, Унгарија и Србија.
Двојки за четвртфиналето:
Хрватска – Црна Гора,
Грција – Австралија,
Унгарија – Италија,
Србија – САД.