Кинеската компанија „Жуода“ за помалку од три часа во градот Ксијан изгради двокатна вила со помош на шест ЗД печатени модули, кои е составен по примерот од лего коцки.
Модулите за вилата, која, според градителите, може да издржи земјотрес со јачина од девет степени според Рихтеровата скала, се изработени од специјално конструиран материјал, чиј начин на производство компанијата го држи во тајност.
Ваквиот ефикасен процес во голема мерка ги намалува трошоците на градба за по 2.500 до 3.000 јуани (400 до 480 долари) по метар квадратен.
Според градежниот инженер од компанијата „Жуода“, Ан Јонглијанг, за изградба на ваква 3Д печатена куќа, од почетокот на изработката на метријалите, па до самата завршница, потребни се 10 дена, додека за нејзина изградба на конвеционален начин би била потребна околу половина година.
Модулите за куќата, од кои секој тежи по над 100 килогарми по метар квадратен, се изработени индустриски и земјоделски отпад и се отпорни на вода и оган.
Структурната рамка на вилата е однапред подготвена, а нејзините сопственици имаат можнсот да ја изберат декоративната текстура, која вклучува жад, мермер, дрво и гранит. Ваквата структура нуди и можност за вградување растенија во ѕидовите, кои би имале улога на ароматерапија.
Компанијата „Жуода“ тврди дека ваквите куќи имаат рок на траење од „најмалку 150 години“.