Група јапонски студенти осмислија иновативен систем за греење со помош на компост, наречен „Рецепт за живот“, кој е инсталиран во една куќа во градот Таики-чо на јапонскиот остров Хокаидо.
Системот функционира на тој начин што сеното се поставува во провидни полици и функционира како систем за греење во текот на зимата и како уред за ладење во летните месеци. Во текот на зимата сеното се распаѓа и ослободува топлина, а во текот на летото тоа не дозволува влез на топлиот воздух во внатрешноста.
Сеното ферментира по посебна метода при што не се ослободува непријатна миризба. Сеното сепак мора да се менува неколкупати во текот на годината, што сепак е мала непријатност во споредба со придобивките од него.
Куќата е изградена од дрво и е со едноставни чисти линии и благо осветлување. Ентериерот е вклпоен во согласност со опкружувањето на куќата, а панелите со сено оставаат впечаток на дом со органски карактеристики.