Претставата „Столови“ од Ежен Јонеско, во режија и адаптација на Дамјан Читкушев, вечер ќе биде премиерно одиграна на малата сцена на Македонскиот народен театар, во рамки на Скопско лето.
Станува збор за копродукција на МНТ и театарот „Фабрика“. Сценографијата и анимацијата се на Сергеј Светозарев, а костимите на Мелани Димитровска. Играат Дритон Вејсели и Благица Димитровска.
Eжен Јонеско (1909-1994) е француски писател, еден од корифеите на театарот на апсурдот. Антологиската „Столови” која според познавачите е совршено напишана, но и совршено бизарна, имала праизведба во 1952 година.