Меѓународниот аеродром на островот Бали, најпозната туристичка дестинација во Индонезија, беше затворен на кратко денеска поради еруптирање на вулканот Раунг, соопштија локалните власти.
Аеродромот беше отворен по два часа, бидејќи ветрот го оддалечи облакот од вулканската пепел, која се сметаше за закана за воздушниот транспорт.
Затворањето на аеродромот доведе до откажување летови.
Уште два индонезиски аеродрома, во Источна Јава, биле затворени уште вчера. Тие не работат ниту денеска.
Раунг, кој се наоѓа во источниот дел на Јава, почна да еруптира пред неколку седмици. Вулканот, висок 3.300 метри, испраќа густи облаци пепел кон Бали. Аеродромот веќе беше затворен на два пати поради вулканот во периодот од 9-12 јули. Како резултат на тоа беа откажани 900 летови и илјадници туристи беа блокирани.
Раунг е еден од 129-те активни вулкани во Индонезија.