Синоќа во кругот на своите најблиски Тамара Тодевска по цели 11 години го промовираше својот втор албум насловен „Еден Ден“.
На албумот се најдоа 13 композииции меѓу кои 5 нови „Врвот е дно“, „Фрази Љубовни“ со ДНК, „Промена“ со Тони Зен, „Трофеј“, „Баш на тебе“, пијано верзија на „Тажна љубов, среќна песна” и веќе добро познатите „Готово е”, „Брод што тоне”, „Тажна љубов, среќна песна”, „Тешко без тебе“, „За миг“, „Залудно е“.
„Луѓе јас сум многу среќна што конечно го промовирам мојот втор албум. Долго време го спремавме и навистина сум горда на она што го сработивме. Мене лично многу ми се допаѓа и сметам дека немаме ниту една утка на него, а тоа е најважно“, изјави Тамара.
На албумот работеа еминентни музички имина како Роберт Билбилов, Лазар Цветкоски, Магдалена Цветкоска – Ена, Нино Васков, Игор Џамбазов, Владимир Крстевски – Франц, Живоин Глишиќ, Тони Зен, Ксенија Николова и Панчо.
Албумот е во издание на Горила продукција.
Промоцијата се одржа во ресторанот „Атланта“, а на промоцијата покрај авторите Роберт, Лазар, Магдалена, Нино присуствуваа и најблиските соработници и пријатели на Тамара како Армент Рамадани, Дејан Манасков и Влатко Илиевски.