Во Северна Кореја одамна се забележуваат промени и нивната реализација е само прашање на време, изјави денеска во Сеул претседателката на Јужна Кореја Парк Геун-хуе.
Таа наведе дека своето тврдење го заснова на последните настани на светската сцена, вклучително и почетокот на процесот на нормализација на односите меѓу САД и Куба, како и подготвеноста на Иран да се откаже од нуклеарната програма во замена за укинување на санкциите.
Парк наведе дека Јужна Кореја е подготвена за дијалог и соработка со Сееврна Кореја и за идно обединување на двете Кореи.
– Има знаци дека Пјонгјанг ги разгледува можностите за излез од самоисолација. Во јуни делегација на Северна Кореја ја посети Куба, најверојатно да се запознае со обидите на Хавана во таа област, посочи Парк.