Грција има пет дена да избегне банкрот, е заклучокот од итниот самит на европските лидери свикан со цел да се најде финансиски спас на Грција, јави дописникот на МИА од Атина.
После денот минат во преговори во Брисел, кои имаа за цел да се изнајде решение по повеќемесечнот ќорсокак кога е во прашање грчката иднина, европските лидери ги отфрлија грчките предлози нарекувајќи ги несоодветни, и побараа официјална Атина да се врати со детален предлог до петок изутрина.
Лидерите на сите 28 земји членки на ЕУ, според планираното, ќе се сретнат во недела кога ќе биде одлучено дали ќе се даде последна шанса на спасувањето на грчката економија.
Европските лидери изразија силно негодување бидејќи грчките власти понудиле само усмени предлози, наместо да понудат детален пишан документ во кој ќе бидат опфатени сите теми околу грчката должничка криза, а кои се предмет на загриженост кај европскит партнери.
– Суровата реалност е дека имаме само пет дена да дојдеме до крајно решение, изјави очигледно иритиран претседателот на европскиот совет Доналд Туск, јавува „Вашингтон пост“.
– Досега избегнував да зборувам за крајни рокови. Но вечерва морам да кажам јасно и гласно-крајниот рок изминува на крајот од оваа недела, истакна Туск.
– Јас бев исклучително против грегзит. Но не можам да спречам доколку грчката Влаа не го направи она што го очекуваме од неа, изјави претседателот на европкста комисија Жан Клод Јункер.
Од друга страна, грчкиот премиер Алексис Ципрас има целосно поинакво видување на состанокот, опишувајќи го како позитивен и истакнувајќи дека изнесените предлози биле „социјално оправдани и економски остварливи“.Ципрас рече дека предлозите биле резултат на состанокот на политичките лидери во понеделникот.