Најмалку 55 загинати во самоубиствените напади на Боко Харам во Нигерија

Од:

Најмалку 55 лица загинаа и над 100 се ранети во новите самоубиствени атентати, кои исламистите од групата Боко Харам ги изведоа во североисточна Нигерија, соопшти претставник на цивилната заштита, цитиран од ДПА.

Неколку жени камикази вчера се саморазнеле со експлозиви меѓу жителите на селото Забармари. Бројот на загинатите може да се покаже и поголем, бидејќи при експлозиите многу од телата биле
раздробени, што го отежнувало пребројувањето и идентификацијата. Меѓу загинатите имало и деца.

Полицијата денеска откри неексплодирани бомби, што можеле да се наведуваат од далечина.

Селото Забармари се наоѓа во близина на градот Мајдугури, што се смета за утврдување на Боко Харам. Во последно време во регионот се зголемија самоубиствените атентати, што главно се извршувани од жени.

Во четвртокот две жени се кренаа во воздух во село во државата Борно и притоа убија 11 лица. Од почетокот на оваа недела во истата држава се убиени приближно 150 лица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он