Речиси 150 лица се убиени во напад на Боко Харам во Нигерија

Од:

Речиси 150 Нигеријци се убиени во најновиот напад на Боко Харам во села североисточно од Нигерија, јави Танјуг.

Во нападите се убивани претежно момчиња и мажи додека се молеле во џамиите, но и жени додека подготвувале храна во своите домови.

Десетици екстремисти упаднаа во три оддалечени села во нигериската сојузна држава Борно синоќа по локално време, опожарувајќи куќи во најкрвавиот напад на оваа екстремистичка група откако нигерискиот претседател Мухамед Бухари дојде на власт во мај оваа година.

Вооружени напаѓачи убиле најмалку 97 селани во селото Кукави.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он