Економист – Лондон
Со крајот на суровинскиот бум, Латинска Америка сега има потреба од нова формула за економски раст.
Тоа беше прекрасен период, но заврши. Во поголемиот дел од овој век, Латинска Америка регистрираше силен економски раст, големо намалување на сиромаштијата и пораст на средната класа. Сега добрите времиња се минато.
Новоизникнатите пазарни економии насекаде спласнуваат како издишан балон. Латинска Америка навистина целосно се излади. Меѓународнот монетарен фонд (ММФ) очекува економски раст од едвај 0,9 проценти во 2015 година, што ќе биде петта по ред година на застој на тој регион.
Многу економисти зборуваат за новата вообичаена ситуација на годишен раст во просек од два проценти – а тоа е помалку од половината од нивото кое Латинска Америка го постигнуваше за време на бумот.
Што се смени? Кусиот одговор гласи: големиот суровиснки суперциклус предизвикан од индустријализацијата на Кина, заврши. Зголемениот извоз на корисни ископи, соја и горива, даде поттик за многу јужноамерикански економии. Без тој стимул, економијата се приближува кон нивото од 2,4 проценти на долгорочен раст во Мексико – а тоа е земјата која не е голем извозник на суровини.
Што е уште полошо, суровинскиот бум доведе до деформации кои е можно да ги ограничат новите извори на раст. Многу латиноамерикански валути станаа преценети, со тоа наштетувајќи и на конкурентската способност на фирмите кои не се занимаваат со извоз на суровини. Потрошувачката значително се зголеми, инвестиците се намалија. Додека Азија градеше фабрики, Латинска Америка градеше молови.
Но, крајниот резултат сепак не е сосема негативен. Периоди на економскиот бум на Латинска Америка во минатото неминовно завршуваа со финансиски крах. Сега само државите како Венецуела, кои ги повторуваат старите грешки – а тоа е фискален популизам, протекционизам и мешање на државата во економијата – паднаа во криза. Поголемиот дел од регионот стана поотпорен на годините на одговорна економска политика, со посилни банки и понизок државен долг.
За еден континент кој навикнал да реди периоди на надувување и издишување на економски балони, упорноста е достојна за пофалба. Но таа нема да обезбеди трајно побрз раст. За да стане богата, Латинска Америка треба да го зголеми својот бескрајно низок раст на продуктивноста и да ги диверзифицира своите економии.
Според логиката, тоа значи дека регионот треба да ги надмине здодевните идеолошки дебати меѓу пазарот и државата, кои се уште ја тормозат регионалната политика. Латинска Америка истовремено има потреба до добро функционални пазари, со повеќе конкуренција, и поумно управување.
Да почнеме со продуктивноста. Во 1960 година, ефективноста со која Латинска Америка комбинираше капитал и труд, беше три четвртини од таа која беше остварена во САД. Сега таа е едвај нешто повеќе од половина. Очегледните причини за таквата пропаст се недостигот на транспорт, целосниот недостиг на иновации и квалификувана работна сила и надуената „сива економија“.
Справувањето со тие проблеми бара нешто повеќе од образование и инфраструктура. Недостигот на адекватна политика во областа на животното осигурување и урбанистичкото планирање, на пример, значи дека голем број на работници се принудени да минуваат часови на пат секој ден. Мнозина тоа и не ги вознемирува, и избираат да се бават со бизнис за да опстанат во својот заден двор.
На сличен начин, подобрувањето во грижата за децата и совлдувањето на криминалот ќе го зголемат економскиот раст (и ако им се даде можност на жените да бараат попродуктивна работа и да ги намалат изнудувањата кои им пречат на бизнисите да растат).
Златна шанса
Вториот приоритет е регионалната интеграција да биде посериозно прифатена. Економиите стануваат подиверзификувани и модерни, кога ќе станат дел од регионални мрежи на снабдување. Тој процес го поттикна економскиот раст во источна Азија и во Северно Мексико (но не и на југот), благодареие на врските со САД.
Во Јужна Америка, претерано многу лидери говорат за единство и истовремено со тоа практикуваат протекционизам. Еден добар почеток би бил Меркосур, кој се потпира на Бразил и Аргентина, од еден во голема мера фиктивен митски сојуз, да прерасне во вистинска зона на слободна трговија, заснована на правила.
Ниту една од тие реформи нема брзо да се исплати. Ниту една од нив нема да биде изведена лесно, посебно затоа што многу од претседателите во регионот се непопуларни, а нивните влади задушени со корупција. Но, без лесното собирање на плодовите од времето на бумот, здравото изведување на структурните реформи е едиствениот пат за покачување на растот и на благосостојбата.
И што побрзо латиноамериканските лидери го сознаат тоа, толку подобри ќе бидат перспективите пред регионот.