Варуфакис: Не прифаќаме излегување од еврозоната

Од:

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис изјави дека Грција ќе ги искористи сите правни средства за да избегне да биде исфрлена од еврозоната, доколку не биде постигнат компромис со европските институции.

– Грчката Влада ќе ги искористи сите правни средства што и се на располагање, изјави Варуфакис за британски медиуми.

Тој додаде дека Атина секако ќе разгледа и обраќање до Европскиот суд за правда.

– Со европските договори не е предвидено излегување од еврозоната и тоа ние не го прифаќаме. За нашето припаѓање кон еврозоната нема преговори, изјави Варуфакис.

Грција и партнерите од еврозоната прекинаа со преговорите во саботата по објавувањето на Атина дека ќе организира референдум на 5 јули за предлозите на Еврогрупата.

Би можело да ве интересира

Грција е најзадолжена држава во еврозоната

Горан Наумовски

ЕУ е должна 13.272,7 милијарди евра, што е 84 отсто од нејзиниот БДП

Ана Ололовска

Невработеноста во еврозоната на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти

А1он

Анализа: Пад во стопанството на Еврозоната втор месец по ред

А1он

Инфлацијата во август достигна 9,1 отсто во земјите од еврозоната

А1он

Потрошувачите во еврозоната очекуваат висока инфлација и послаб економски развој