Малопродажните цени на бензините од ноќеска на полноќ се намалуваат за половина денар, а на дизелот и екстра лесното за 1,5 денари за литар.
Согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 71 денар за литар и на Еуросупер БС-98 изнесува 73 денари за литар. Еуродизелот ќе се продава по 55 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство по 43,50 денари за литар.
Се намалува и малопродажната цена на мазутот и ќе изнесува 27,071 денари за килограм.