Папата Франциско посака да џвака лист од кока за време на неговата посета на Боливија, изјави боливискиот министер за култура Марко Мачикао.
Од листот на кока се произведува кокаин. Џвакањето на лист од кока во Боливија и други јужноамерикански земји е легално. Кока џвака и боливискиот претседател Ево Моралес. Коката се смета за свето растение. Џвакањето кока се препорачува и против вртоглавица и други негативни ефекти од планинските височини и разредениот воздух.
– Ние на папата му предложивме чај од лист на кока поради големата височина, но тој изрично побара да џвака лист, посочи Мачикао.
Папата Франциско од 5 до 12 јули ќе ги посети Еквадор, Боливија и Парагвај.