Ватерполистите на Србија и на Хрватска се изборија за финале во Светската лига

Од:

Во финалето на Ф8 Светската лига во ватерполо во италијанскиот град Бергамо ќе играат репрезентациите на Србија и на Хрватска, откако синоќа во полуфиналните дуели убедливо ги победија своите ривали.

Србија славеше над Бразил со 13:9, додека Хрватска ги совлада САД со 11:6.
Завршните натпревари од годинашното издание на Светската лига се играат во текот на денешниот ден.

Во борбата за пласман од 5-8. место се среќаваат: Кина – Италија (16 часот) и Австралија – Унгарија (17:20).

Дуелот за 3.место меѓу Бразил и САД почнува во 18:40 часот, а финалето Србија – Хрватска е во 20 часот. Победникот од финалниот дуел обезбедува директен пласман на Олимписките игри во Рио следната година.

Би можело да ве интересира

Италијанците ја совладаа црногорската ватерполо селекција во Париз

Хрватските ватерполисти ја победија Франција и се пласираа во финалето на Светското првенство

Италијанските ватерполисти се првите финалисти на Светското првенство во Доха

Ватерполистите на Франција ја совладаа Унгарија и се пласираа во полуфиналето на Светското првенство

Хрватска ја совлада Србија со резултат 15:13 и се пласираше во полуфиналето на СП во Доха

Ватерполистите на Италија се пласираа во полуфиналето на Светското првенство