Најстариот нуклеарен рекатор во Германија ќе биде затворен ноќта од сабота кон недела, објави сопственикот, компанијата E.ON, најавувајќи го овој голем чекор во настојувањето на Берлин да премина на чиста и одржлива енергија.
Реакторот Графенхајнфелд на северот на Баварија е стар 34 година, а со работа целосно ќе престане во недела, соопшти компанијата, која на овој начин ја исполнива законската обврска сите нуклеарни комерцијални реактори да бидат затворени до 2022 година.
Според таканаречената енергетска транзиција, Германија до 2050 година би требало најмалку 80,отсто од енергијата да ја добива од обновливи избори.
Овој темелен пресврт во енергетската политика беше претставен во 2011 година по трагедијата во Фукушима во Јапонија.