Меркел на 8 јули во посета на Тирана

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел на 8 јули ќе престојува во официјална посета на Албанија, која, како што јави тиранската телевија Топ-чанел, ќе биде дводимензионална, на политичко и на економско ниво.

Германија, додава истиот извор, која последните години го сврти вниманието кон Балканот, во Албанија гледа значаен геополитички партнер во регионот.

Посетата на Меркел ќе биде втора на еден германски канцелар на Албанија по 1999 година, кога Тирана ја посети канцеларот Герхард Шредер, 12 години по воспоставувањето дипломатски односи меѓу Сојузна Република германија и Албанија.

Доаѓањето на Меркел во Тирана ќе ја регистрира третата средба со албанскиот премиер Еди Рама, по двете што ги имаа во Берлин, минатата година.

Според топ-чанел, Меркел и Рама ќе разговараат и за можностите за унапредување на економската споработка.

По Тирана,Меркел ќе отпатува за Белград, додека најавенета посета на Босна и Херцеговина, за 9 јули е одложена.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани