Вчера започна да се снима видео спот за новата песна на Елена Ристеска „Доживотно“, на која како автор се потпишува српска композиторка Александра Милутиновиќ, додека пак за аранжманотсе погрижи Дарко Димитров.
Спотот ќе има две верзии, една на македонски и една на српски јазик, меѓутоа она што навистина ќе ве натера да го погледнете овој видеоспот се трите убавици кои се појавуваат покрај Елена.
Во спотот покрај Ристеска се појавува и познатата српска водителка Катарина Шишмановиќ која во регионот е позната по емсијата „Све за љубов“, која веќе неколку години се емитува и на нашите простори.
Покрај Шишмановиќ, во спотот ќе ја видиме и една од најатрактивните водителки од Македонија, Марјана Станојковска, но и познатата манекенка Ана Коцева.
Спотот се снимаше во хотел „Русија“ и тоа под режисерската палка на Бане Поповиќ и „Томато продукција“.