Полни автобуси за Германија

Од:

Индекс – Загреб

Последните години автобусите за Германија се полни со млади луѓе од Хрватска кои одат во потрага за подобар живот. Така беше и ова утро кога дојдовме на загрепската Автобуска станица од каде дневно заминуваат десетици автобуси кон разни германски градови. Затекнавме автобус кој патуваше во Минхен, а иако во него имаше странски туристи, повеќето сепак беа млади од разни делови на Хрватска, а и БиХ, кои ги спакувале куферите во надеж за подобар живот во Германија.

Една од нив е и 19 годишна девојка Леа од Славонски Брод која буквално во последните неколку дена донела дефинитивна одлука да замине од Хрватска, како што вели тука нема никаква иднина.

– По струка сум медицинска сестра, а средно образование завршив пред една недела и тогаш падна одлуката. Многу ненадејно се одлучив, а причина секако е тоа дека не гледам иднина за себе ако останам во Хрватска – ни вели оваа млада девојка од Славонски Брод.

Почетна плата за медицинска сестра е 1200 евра

Таму веќе ја чека работа во дом за стари лица каде ќе работи како медицинска сестра, а во тоа и помогнала сосетка од Брод која веќе со години живее и работи во Германија исто така како медицинска сестра.
– Таа многу ми помогна, ми најде работа, а ќе живееме заедно. За почеток ќе работам како сестра во старски дом, а подоцна ќе видам. Главно се ова многу брзо се случи. Во последната недела почнав да преведувам документи кога таа ми се јави за работа. Почетната плата ми е 1200 евра – рече Леа за Индекс.

Во Загреб дојдов сама, од каде ќе продолжам кон Германија. Родителите, вели таа, останале во Славонски Брод.

На нив им е многу тешко што си одам, но исто така и голема поддршка во мојата одлука да ја напуштам земјата. Добро знаат дека тука немам никаква можност да напредувам – рече Леа.

– Ќе работам на градежништво, далеку подобро платено е од тука
Малку подалеку од неа на терминалот стоеа две момчиња кои исто така се одлучиле да побараат среќа надвор. 26 годишниот Загрепчанец два месеца чекал на работна дозвола, а кој во јули се укинуваат за сите хрватски државјани.

– Одлуката падна пред неколку месеци кога видов дека тука нема нормална работа од која може да се живее. Во Германија ме чека работа, ќе работам на градежништво кое за разлика од Хрватска таму многу подобро се плаќа. Воопшто не жалам што си одам од Загреб, а нема ни да се вратам повеќе – ни рече овој Загрепчаенц чија мајка во разговорот за Индекс не можеше да ги запре солзите.

Мајката: – Многу ми е тешко, но работам во пекара за 3000 куни, а син ми е без работа.

– Тешко ми е, многу ми е тешко. Работам во пекара за 3000 куни и ништо не можам да му пружам. Нас постарите од 50 години очигледно треба да не убијат, а младите бегаат надвор. Син ми не може ни да си плаќа кирија тука. Работеше малку како келнер па на градежништво. Некои месеци остануваше и без плата исто како и јас. Ми се гади од оваа наша држава. Надвор барем може нешто да создаде во животот.
Важно е дека кај нас постојано кукаат дека наталитетот ни е во пад дека ни требаат повеќе новородени деца, но кој да се одлучи тука да работи кога младите немаат иднина. Од што да основаат семејства – ни рече мајката на младиот Загрепчанец која заедно со него оди во Минхен да му помогне да се смести.

А освен него, затекнавме и 30 годишен Босанец кој исто така оди да работи на градежништво. На него ова не му е прв пат да оди во Германија, но овој пат планира и да остане.

– Почнуваме да работиме веќе во среда, така одиме еден ден порано да се сместиме. Имаме обезбедена работа и стан и тоа е тоа – ни рече тој. Вели дека се одлучил да замине откако за тоа му се пружила прилика. Огорчен татко вели: Децата ни заминуваат со надеж за подобар живот.

На автобуската дошол и татко му да го испрати, кој вели дека е видно огорчен бидејќи за младите на нашите простори нема иднина.

– Децата ни заминуваат од дома. Нема што да прават тука кога нема работа – рече со солзи во очите.

Кога слушна дека правиме репортажа, на приказната се приклучи и 45 годишниот возач на автобусот кои и самиот има намера наскоро да замине во Германија.

– Наскоро и јас заминувам во Минхен, но не да ја превезувам нашата младина, туку и јас ќе одам таму да работам. Најдов работа исто по струка како возач на автобус. А откако ќе се снајдам таму тогаш ќе дојде и целото мое семејство. Имам сопруга и три деца од 8, 12 и 13 години. Тие веќе во училиште учат германски, а сопругата учи сега – ни рече возачот Стипе.

Возачот на автобусот заминува во Германија со сопругата и трите деца.

Тој додава дека децата биле во шок кога им рекле дека ќе се селат во Германија, бидејќи вели одлични ученици се и спортисти, а едниот син му е и првак во боречки вештини.

– Но, по разговорот со нив сфативме дека животот е таков и дека немаме некој избор, платите тука се никакви, а и сакаме на нив да им обезбедиме подобра иднина – ни рече Стипе, додавајќи дека во последните неколку месеци во Германија заминале да работат четворица негови колеги возачи. Истакна и дека автобусите кои возат кон Германија се нон стоп полни. Одат и младите и постарите, а сите со цел за себе и своите деца да обезбедат посветла иднина.

И додека зборувавме друг колега го повика и мораа да тргнат. Зад нив останаа само родителите со тажни лица кои гледаа како заминува автобусот. Единствено што може да ги утеши е фактот дека децата ќе им бидат посреќни и исполнети бидејќи ќе имаат работа и нема да ги молат родителите за џепарлак.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска