Иако неколку месеци трае вербалната војна меѓу владите на Индонезија и Австралија, во која активно се вклучени и медиумите на двете држави, туристите од Австралија и натаму се најбројни посетители на светски познатот туристички остов Бали. Недоразбирањата и меѓусебните обвинувања уследија поради егзекуцијата на австралиските нарко-дилери и „тврдата“ австралиска политика за запирање на мигрантите од Индонезија, чие спроведување, освен со дипломатски ноти највисоките политичари на двете држави јавно го бранат, или напаѓаат.
Денеска објавената статистика за туристичкиот промет на Бали покажува дека со 313.000 посетители од Австралија, од јануари до април годинава, соседите од „Петиот континент“’ се најбројни странци на Бали. Оваа бројка е над 11 отсто поголема од истиот период лани, што, според медиумите во Индонезија покажува дека официјалната политика за бојкот на Бали, што ја промовираше австралиската министерка за надворешни работи Џули Бишоп во јануари годинава.
Во 2014 година Бали го посетиле 992.000 австралиски туристи, што било бројка 21 посто поголема од претходната година. По бројки, зад Австралија се туристи од Јапонија, САД и Европа.
Кампањата да се бојкотира Индонезија, особено Бали, во Австралија деновиве е максимално подигната и на социјалните мрежи, по извештајот дека група млади луѓе од Австралија биле малтретирани и уценувани од полицијата на Бали. Официјално, ни една од двете заинтересирани држави не го коментираат случајот во кој полицијата интервенирала кога добила дојава дека во еден ресторан група мажи од Мелбурн на својата групна забава ангажирале стрипизета.