Германската покраина Хесен одбива да прима азиланти од Косово и Албанија

Од:

Германската покраина Хесен, банкарски и финансиски центар, повеќе не сака азилантите од Косово и Албанија да ги распоредува по општини и бара постапката за азил во нивните случаи да се забрза така што, овие луѓе, ќе се вратат во своите домови.

Ова го бара во декларација министерот за социјална политика на Хесен Штефан Гритнер од редовите на Христијанко-демократската партија (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел, што наиде на критика на покраинската опозиција од редовите на либералите, јавуваат германските медиуми.

Гритнер своето барање го образложил со ставот дека покраината мора при распределбата да ги диференцира азилантите, со цел да не се оптоварат комуните.

– Распределбата на азиланти по комуни има смисла само тогаш, кога барателите на азил имаат шанси за перспектива на останување, изјави Гритнер, додавајќи дека азилантите од Косово и Албанија немаат практично никакви шанси да добијат признавање на азилантски статус.

Според Гритнер високиот број азиланти од Косово и Албанија тешко ги оптоваруваат камповите за прифаќање и дека Хесен, поради својата географска позиција примил голем број азиланти.

Гритнер нагласи дека од јануари до април годинава дури 60.000 луѓе од Косово и Албанија пристигнале во Германија.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски