Германија го губи трпението за Грција, Меркел сеуште има простор за маневар

Од:

Спротивставени реакции во Германија по оценката на канцеларката Меркел дека вчерашните предлози на Грција се основа за продолжување на преговорите за спас на речси банкротираната членка на ЕУ.

Нивото на фрустрација од трпеливиот однос на владата во Берлин со своите колеги во Атина најдобро го покажува пратеникот Волфганг Бошбах од партијата на Меркел ЦДУ и нејзин силен поддржувач.

Политиката на еврозоната кон Грција е „финансиска вртелешка“ изјави за германските медиуми Бошбах кој и предходно беше против финансирање на грчката влада. Според него сите што веруваат дека со новата најавена помош за Атина ќе заврши приказната за спасот на Грција се лажат.

Водечкиот медиум близок до конзервативниот блок Франкфунтер Алгемајне Цајтунг бара од Меркел да не брза со одлуката и внимателно да го анализира новиот грчки план. Весникот пишува дека ниту една земја во криза не го нарушила јавниот имиџ на Европа како радикалната коалиција во Атина која што ја загрозува основата на ЕУ.

Според влиајтелниот магазин Дер Шпигел сега топката повторно е во дворот на грчките кредитори кои што мораат да одлучат понатаму. Овој став го дели и грчкиот премиер Ципрас кој смета дека Грција го направила своето и сега ЕУ треба да направи чекор кон финално решение.

Дел од германските медиуми се занимаваат и со вчера презентираните разлики меѓу двајцата водечки ликови во владеачката ЦДУ канцеларката Меркел и министерот за финансии Шојбле кој најпрвин изјави дека новиот грчки предлог не е ништо ново а подоцна мораше да ја прифати оценката на Меркел дека предлогот е основа за нови разговори.

Во анализите за последиците од прифаќање на нов договор со Грција нема стравувања дека тој може да влијае сериозно на општата политичка ситуација во Германија. Земјата која што е најголем кредитор на Грција со преку 70 милијарди евра преку различни институции и билатерално има владеачка коалиција со апсолутно мнозинство од 504 пратеници од вкупно 631 во Бундестагот. Според неофицијалните проценки не повеќе од 150 пратеници на водечките партии ЦДУ и СПД би можеле да гласаат против договорот што не е доволно тој да биде отфрлен од германскиот парламент.

Дел од опозицијата како екстремната левица нема да се противи на договорот со грчката влада која што и е идеолошки блиска, а единствената партија која што се противи на еврото како заедничка валута Алтернатива за Германија е фокусирана на своите внатрешни фракционерски битки. Со тоа Меркел иако многумина сметаат дека е под силен внатрешен притисок сепак и покрај критиките дома има доволно маневарски простор за решение на грчката финансиска криза.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани