Излегувањето на Грција од еврозоната ќе има сериозни последици по економијата и народот на таа земја, предупреди американскиот министер за финансии Џејкоб Лу.
– Не сакам да предвидувам какви би биле последиците. Јасно е дека за самата Грција, излегувањето од еврозоната би значело ужасно, ужасно пропаѓање на економијата. Тоа, најмногу, ќе го погоди народот на Грција, порача Лу за Си-Ен-Ен.
Лу истакна дека сите страни во претстојните преговори на 19 земји во понеделник во Брисел треба да бидат флексибилни и додаде дека мисли дека никој не би сакал да дознае што всушност за пазарите би значело излегувањето на Грција од еврозоната.