Лидерите на земјите членки на еврозоната, во понеделник ќе одржат вонреден Самит, посветен на грчката должничка криза, соопштено е во Брисел.
Самитот се закажува по неуспехот на последниот состанок на министрите за финансии на ЕУ, да се најде начин за спогодба меѓу кредиторите и владата во Атина, откако и двете страни останаа цврсто на своте позиции.
ЕУ, Европската централна банка (ЕЦБ) и ММФ, кои се кредитори на Грција, инсистираат на спроведување реформи во грчката економија, а пред се, во пензискиот систем, во даночнниот сектор и ДДВ-то, како и стегање на буџетското трошење, за да продолжат со сервисирањње на долговите и покривање на грчката неликвидност.
Владата во Атина, пак, бара „простор и време за да здивне„ околу исплатите на долговите, бара нивно реструктуирање, како и оддолжување на реформите во пензискиот и даночниот систем.
Раководителот на еврогрупата на министри за финансии, Јерун Дејселблум по вчерашниот неуспешен обид да се најде компромис, рече дека, засега, во преговорите, е постигнато „премногу малку“. Според него, „спогодбата се уште не е на повидок“.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас кој беше на економскиот форум во Санкт Петербург и се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, најавата за вонреден Самит на еврозоната, го означи како „позитивен знак за постигнување договор“.
Верувам дека ќе има спогодба, врз основите на правилата на ЕУ и на демократијата, што ќе и овозможи на Грција да се врати на патот на економскиот пораст, во зоната на еврото- рекол премиерот Алексис Ципрас.