Во ноември минатата година шведската Организација за сексуално обрзование објави јавен конкурс за предлози за именување на мастурбацијата кај жените.
Според претставничката на Организацијата, Криситна Љунгрос, целта на ваквиот конкурс била во изборот на најсоодветен збор да се вклучи целата нација и со тоа темата сексуалност да добие јавен карактер.
– Кога ќе споменеме мастурбација, повеќето од нас пред се помислуваат на мажите. Доколку не постои збор за женската мастурбација, како воопшто би можеле да разговараме на таа тема, вели Љунгтос.
Мотив за ваквиот конкурс биле и резултатите од едно истражување, кои покажале дека многу жени, дури и сексуално освестените, всушност не уживаат целосно во сексот и не знаат што точно ги возбудува.
На конкурсот пристигнале околу 200 предлози, од кои се избрани 40, а меѓу најпопуларните биле „клитра“ („klittra“), „пула“ („pulla“) и „селфа“ („selfa“).
Предлозите кои влегле во потесниот круг за избор на називот, биле ставени на јавно гласање, на кое шведските граѓани можеле да одлучат кој збор најмногу им се допаѓа.
По ваквата постапка, женската мастурбација во Шведска го доби називот „клитра“.